Top Sport

Хорнер: Фетел потклекна во „експрес-лонецот“ на Ферари

Неуспехот да се освои светска титула со Ферари придонесе Себастијан Фетел да го чувствува притисокот во „експрес-лонецот“ во италијанскиот тим и тоа само ги зголемува проблемите, коментира неговиот поранешен шеф од Ред бул, Кристијан Хорнер.

Фетел освои четири титули во низ под Хорнер, пред во 2014 година да потпише со италијанскиот тим, но сега петтата титула изгледа многу далечна. Откако три сезони во низа беше далеку од борба за трофејот, лани тој беше лидер до средината на сезоната, пред по низа грешки да ја препушти титулата на Луис Хамилтон.

Оваа сезона пак, Мерцедес повторно доминираат, а Фетел не успева да сврзе добар викенд и е трет во генерален пласман. Неделната трка на Пол Рикар, тој ќе ја стартува само од седмото место по слабите квалификации и Хорнер вели дека притисокот го прави своето.

„Со нас, Себастијан беше како метроном кога беше лидер во трка. Секогаш беше силен на таа позиција. Сега, очигледно притисокот го прави своето бидејќи ги носи надежите на Ферари во тоа што за мене изгледа атмосфера на експрес-лонец. Да се извлече максимумот од луѓето, потребна е вистинската работна околина, а Себ го нема тоа“, вели Хорнер во интервју за „Прес асосиејшн спорт“.

Scroll to Top