Top Sport

Хорнер: Хонда се многу подобри за Ред бул од Рено

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер вели дека многу повеќе ужива во соработката со Хонда отколку во партнерството со Рено поради „фокусираноста“ кон успех на Јапонците.

Ред бул своите најславни денови ги имаше токму со моторите на Рено, кога Себастијан Фетел освои четири титули во низа, меѓутоа по доаѓањето на В6 турбо-ерата, францускиот производител не успеа да биде ривал на Мерцедес и лани во Ред бул оценија дека е подобро да ја прекинат соработката.

Хонда пак, имаше неславна тригодишна соработка со Мекларен, одбележана со низа на недостатоци на своите мотори и големо заостанување во моќта. Оваа сезона, сепак, Ред бул се бори за места за подиумот со истиот мотор.

„Најдоброто нешто во соработката со Хонда е тоа што тие целосно се фокусирани на Ред бул и Торо росо. Претходно, Рено си имаа свој фабрички тим и фабрички снабдувач со гориво, и ние моравме да чекаме во ред за нивниот мотор. Сега имаме целосно поинаква соработка и тоа е прекрасно да се почувствува“, вели Хорнер.

Scroll to Top