Top Sport

Хорнер: Рикардо е наш возач, освен ако Хамилтон не се пензионира

Даниел Рикардо најверојатно ќе остане во тимот на Ред бул и следната сезона, освен ако Ф1 шампионот Луис Хамилтон не објави дека се пензионира, па да остави слободно место во Мерцедес, вели шефот на „бикот“, Кристијан Хорнер.

Австралиецот наполни 29 години минатата недела, и останува без договор за следната сезона, откако неколку месеци размислува каде да ја продолжи кариерата. Мерцедес и Ферари, нормално, се заинтересирани, но бидејќи нема слободно место во двата тима, интересот драстично падна.

„Дојдовме до момомент каде што има желба од двете страни да ја продолжиме соработката. Затоа мислам дека само треба да се разгледаат деталите и да се дојде до договор кој ќе биде постигнат пред летната пауза во август. Мислам дека ако Мерцедес му дадеа сериозна понуда тој ќе беше заинтересиран, бидејќи е нестрплив да се бори за титула. Освен ако Луис не објави дека се пензионира овој викенд, мислам дека се работи само за формалност“, вели Хорнер пред Британското ГП овој викенд.

Хорнер не сакаше да даде одговор на прашањето дали Рикардо ќе добие иста плата како 20-годишниот холандски колега Макс Ферстапен, велејќи дека двајцата возачи имаат „своја улога“ во Ред бул.

Фото: ЕПА

Scroll to Top