Светскиот шампион Луис Хамилтон не доби многу симпатии од шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер откако Ферари го победи Мерцедес во Белгија, а Британецот се жалеше на „триковите“ на италијанскиот болид.
Хамилтон уште е лидер во генерален пласман со 17 поени предност пред Себастијан Фетел, но по Белгија станува јасно дека по летната пауза, Ферари го има најбрзиот болид во Ф1. Хамилтон прво по победата изјави дека Ферари користат „трикови“, по што потоа мораше да дообјаснува дека не мислел дека тие мамат.
Хорнер не се сочувствува со Британецот, посебно бидејќи Мерцедес доминира последните четири години во Ф1.
„Како што можете да видите, Ферари и Мерцедес се далеку пред Хонда и Рено… Но, кога ќе го чујам Луис Хамилтон како ’плаче’ за Ферари… За малку ќе ја извадев виолината“, вели Хорнер.