Сезоната 2021 беше една од најинтересните во Формула 1 во последната деценија, откако Макс Ферстапен и Луис Хамилтон и нивните тимови, Ред бул рејсинг и Мерцедес беа вклучени во тесна битка, која беше одлучена во последниот круг од последната трка, и во сезона во која се кажаа многу обвинувања меѓу ривалите.
За дел од тензијата се одговорни шефовите на двата тима, Кристијан Хорнер (Ред бул) и Тото Волф (Мерцедес), кои не пропуштија ниту една шанса ментално да ја нарушат стабилноста кај ривалите. Хорнер, сепак, го намалува значењето на овие несогласувања.
„Слушајте, на крајот на краиштата ова е само спорт, не спасуваме животи со нашите работи. Да, тешко е и многу конкурентно, но на крајот секогаш мора да има почит меѓу нас“, вели Хорнер.