Основачот на Вилијамс, еден од најзначајните ликови во Формула 1, Сер Френк Вилијамс, од засега непознати причини бил хоспитализиран.
Семејството соопштило дека состојбата на 78-годишниот Френк е стабилна, без да откријат повеќе детали.
Френк Вилијамс изгради еден од најмоќните брендови во Формула 1. Тимот Вилијамс го формираше во 1966 година. Во конкуренција на конструкторите има освоено девет титули и се наоѓа на второто место на вечната листа. Возачите на Вилијамс седум пати биле светски шампиони, во оваа категорија поуспешни се само Мерцедес, Мекларен и Ферари.
Френк Вилијамс челната позиција во тимот, во 2012 година ѝ ја отстапи на својата ќерка Клер.