Откако неодамна овој месец беше потврдено дека Хрватска ќе стане дел од Рели ВРЦ шампионатот, денеска беше потврдено дека на патеката Гробник покрај Риека на 14 и 15 ноември ќе се вози и трка од НАСКАР Евро серијата.
Поради ограничувањата во Чешка, Хрватска добива шанса да добие трка, потврди шефот на патеката Гробник, Роберт Живковиќ, кој најави дека во иднина тие ќе добијат и редовна станица на шампионатот.
„NASCAR Croatia“ трката ќе привлече и славни имиња – на трката ќе вози поранешниот Ф1 шампион, Канаѓанецот Жак Вилнев.
The NASCAR GP Czech Republic had to be postponed to 2021 due to COVID restrictions. But there is good news: The NWES will visit Automotodrom Grobnik on the Croatian Riviera for the first time ever on November 14-15!
???? https://t.co/Ejch0TJaW6#NASCAR #NWES #NASCARGPHRV
— EuroNASCAR (@EuroNASCAR) October 23, 2020