Top Sport

Хрватска по рели ВРЦ, добива и НАСКАР Евро трка

Откако неодамна овој месец беше потврдено дека Хрватска ќе стане дел од Рели ВРЦ шампионатот, денеска беше потврдено дека на патеката Гробник покрај Риека на 14 и 15 ноември ќе се вози и трка од НАСКАР  Евро серијата.

Поради ограничувањата во Чешка, Хрватска добива шанса да добие трка, потврди шефот на патеката Гробник, Роберт Живковиќ, кој најави дека  во иднина тие ќе добијат и редовна станица на шампионатот.

„NASCAR Croatia“ трката ќе привлече и славни имиња – на трката ќе вози поранешниот Ф1 шампион, Канаѓанецот Жак Вилнев.

Scroll to Top