Неколку часа по фантастичните квалификации за Големата награда на Абу Даби, Нико Хулкенберг доби лоши вести. Германецот заработи казна која ќе го врати три места назад на гридот.
Оваа одлука беше донесена откако Хулкенберг беше сослушан од судиите.
Тој ги прекрши упатствата на директорот на трката за време на квалификациите кога претекна две возила на излезот од боксот, што е строго забрането според правилата на Формула 1.
Хулкенберг признал дека немал друг избор освен да го прекрши правилото за да постави брз круг. На крајот сепак судиите одлучија дека тоа не е оправдување за направениот прекршок.
За Хас, кој со Алпин се бори за шестото место во поредокот на конструктори, оваа казна е сериозен удар.
Хулкенберг првично се квалификуваше на четвртото место, негова најдобра стартна позиција во сезоната, но сега ќе стартува од седмото место.
Тој ќе ја започне трката зад Пјер Гасли и Џорџ Расел.
За потсетување, трката на патеката „Јас Марина“ е закажана за утре од 14 часот.