На 5 декември ќе се вози првото Саудиско ГП на уличната патека во Џеда, а при првата посета на Саудиска Арабија, сите вклучени во шампионатот добија детални упатства за тоа како треба да се облечени, јавува „Моторспорт“.
Рацете и нозете на возачите и персоналот на тимот ќе мораат да бидат покриени цело време, што значи дека тие ќе мораат да носат панталони и маици и кошули до лактот. Покрај тоа, ниту еден провиден материјал не е дозволен. Женските механичари и техничари, пак, нема да смеат да покажат голи рамења, ниту нозете над коленото, а исто така им се советува да носат „помалку шминка“.
Покрај тоа, за Ф1 циркусот ќе важат препораките на саудиската власт за сите кои патуваат во земјата – се советува да не се искажува интимност во јавност, ниту да се пцуе и да се користи „грд“ јазик.