Top Sport

И Ред бул може да почнат да „копираат“ болиди како Рејсинг поинт

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко, вели дека неговиот тим нема проблем со „копирањето“ на болиди по контроверзите околу болидот на Рејсинг поинт, и дека така и тие би заштедиле многу пари.

Рејсинг поинт тимот предизвика многу контроверзи и протести кај ривалите, откако ја започна сезоната со болид кој претставува директна копија на болидот на Мерцедес во 2019 година, а подоцна тие самите признаа дека работеле според фотографиите на болидот на шампионот. Нивните резултати на стартот на сезоната покажаа дека се работело за „добро“ копирање.

Марко вели дека нема проблем со тоа и дека сака да добие дозвола нивниот втор тим Алфа Таури (поранешните Торо росо) да добијат копија од болидот на Ред бул за следната сезона.

„Не ми пречи ако тоа е дозволено, бидејќи ќе го направиме истото со Алфа Таури и ќе заштедиме многу пари. Проблем е тоа што се работеше тајно и надвор од правилата. Ако ни се дозволи, ќе го искористиме рецептот. Тоа ќе биде голем проблем за тимови како Мекларен и Рено, бидејќи така ние ќе имаме четири Ред бул на патеката, а тие без Б-тимови ќе протестираат“, вели Марко во интервју за австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Scroll to Top