Top Sport

И тоа е Ф1 – ексшампионите Фетел и Раиконен се судрија во борба за 12. место во последен круг

Во моментите во кои Макс Ферстапен ја прославуваше новата победа за да стане прв фаворит за титулата во 2021 година, далеку зад него, двајца поранешни светски шампиони (и поранешни колеги) имаа голем инцидент.

Кими Раиконен во Алфа Ромео и Себастијан Фетел во Астон Мартин, поранешни колеги во Ферари, се бореа за 12. место на трката (кое секако не носи поени), кога Финецот беше невнимателен и предизвика судир кој за среќа изгледаше посериозен отколку што навистина беше.

Scroll to Top