Top Sport

Името Форс Индија исчезнува од Ф1 по 11 години

Името „Форс Индија“ веќе не е дел од Формула 1, откако на официјалната стартна листа за 2019 година, тимот од Силверстоун го носи името „Рејсинг Поинт“ по преземањето на тимот од конзорциум на инвеститори предводени од канадскиот милијардер Лоренс Строл во август оваа година.

Форс Индија остана дел од името до крајот на сезоната поради правилата на ФИА дека кимето на конструкторот мора да стои на шасијата, која оваа година се викаше „Форс Индија“.

Следната година, Рејсинг Поинт ќе се трка со синот на Строл, досегашниот возач на Вилијамс, Ленс Строл и мексиканскиот ас Серхио Перез, кој носи одлични спонзорски договори за тимот. Талентираниот Французин Естебан Окон останува без место во Ф1.

Scroll to Top