Top Sport

Имигранти „пикнати“ во транспортерите на Ферари за Британското ГП

Според италијанскиот портал „Мотоспорт“, тимот на Ферари имал непријатно изненадување кога почнал да се „отпакува“ пред Британското ГП во Силверстоун.

Нелегалните имигранти успеале да се качат на камионот на Ферари при застанувањето во Кале, Франција, пред поминувањето на Ла Манш за трката овој викенд. Вработените во тимот ги забележале патниците кога почнале да го истовараат камионот.

Во Кале, Франција постојано има имигранти кои се обидуваат да влезат во Велика Британија, а ова не е прв ваков случај, откако пред две години во камионите на снабдувачот со гуми за Ф1, Пирели успеале да се качат имигрантите.

Scroll to Top