Top Sport

Историја за Накагами – првпат на пол позиција во Мото ГП

Јапонецот Такаки Накагами ќе стартува од челната позиција на неделната трка во Мото ГП во Арагон, Шпанија. Возачот на ЛЦР Хонда денеска ја оствари својата прва пол позиција во оваа конкуренција. Исто така стана и првиот Јапонец по 2004 година кој ќе стартува прв на трка во најдобрата конкуренција.

Покрај Накагами, во првиот стартен ред се најдоа и Франко Морбидели и Алекс Ринс кој славеше на последната трка во Мото ГП.

Неделната трка започнува во 13 часот.

Scroll to Top