Top Sport

Јамаха и Сепанг, нова соработка, нов тим во Мото ГП

Јамаха го потврди потпишувањето на договорот со Сепанг тимот за испорака на мотоциклите „YRZ-M1“, во наредните три сезони (2019, 2020, 2021). Одлуката доаѓа неколку часа по објавата дека силите ги здружиле Анхел Нието тимот и Сепанг тимот.

Јамаха објави дека на новиот тим, кој најверојатно ќе вози во „кралската класа“ под банерот на Петронас, ќе му испорачува мотоцикли како на сателитски тим. Сепанг тимот се натпреварува во Мото 2 и Мото 3 класата.

Претходно, Тех 3, најави дека ќе ја прекине соработката со Јамаха и ќе се поврзе со КТМ.

Новиот тим очекува дека од наредната сезона прва ѕвезда да биде Дани Педроса, но Шпанецот изјавил дека конечната одлука околу својата кариера ќе ја соопшти пред трката во Захсенринг.

Она што веќе се знае дека на овој тим ќе му се приклучи Франко Морбидели и сегашниот возач на Анхел Нието тимот, Алваро Баутиста. Доколку Педроса реши да се пензионира тогаш во тимот би пристигнал Бредли Смит од КТМ.

Scroll to Top