Top Sport

Јос Ферстапен демантира дека го „малтретирал“ Макс како дете

Јос Ферстапен, поранешниот Ф1 возач и татко на двократниот светски шампион, Макс Ферстапен повторно демантираше дека го „малтретирал“ неговиот син на почетоците на неговата кариера.

Постариот Ферстапен честопати е критикуван дека бил престрог кон неговиот син за време на неговата картинг-кариера за да го постави во позиција да влезе во Формула 1, што на крајот беше успешен план кој донесе две светски титули. Таткото Ферстапен пак вели дека не ја поминал „црвената линија“ кога се обидувал да го изгради карактерот на својот син.

„Има луѓе кои велат дека сум лош татко бидејќи го малтретирав мојот син. Но, тоа не се случи. Го одгледав, бев цврст кон него и тоа беше планот. Многумина не се свесни што е потребно да се стигне до апсолутниот врв на еден спорт“, објаснува Јос Ферстапен.

Scroll to Top