Top Sport

Јос Ферстапен: Ред бул требаше да му дадат на Макс да победи во Монако

Јос Ферстапен, поранешниот Ф1 возач и татко на актуелниот светски шампион Макс Ферстапен вели дека е разочаран што Ред бул решиле да му дада приоритет на Серхио Перез наместо на неговиот татко на неделната трка во Монако.

Во 17. круг од славната трка, Перез влезе во боксот од третата позиција за да постави „средни“ гуми, за тоа да го направи и Ферстапен (кој беше четврти), но два круга подоцна. На крајот, по грешката на Ферари, Перез стигна до победата, а Ферстапен се задоволи со третото место.

„Ред бул имаа добар резултат, но во исто време малку влијаеја да помогнат Макс да дојде на врвот. Тоа што беше трет е пораи грешката на Ферари при влегувањето во боксот на Шарл Леклер. Иако беше лидер во генерален пласман, стратегијата го фаворизираше Чеко. Тоа е навистина разочарувачки кога си лидер. Секако, не сум објективен, но мислам дека фрлија 10 поени за Макс во вода на оваа трка“, вели Јос.

Scroll to Top