Top Sport

Каде отиде брзината на Ферари? Волф: Тие уште не ги спуштија панталоните

Шефот на Мерцедес, Тото Волф се обиде да го намали значењето на огромната разлика која неговиот тим ја имаше на петочните тренинзи пред Австралиското ГП, објаснувајќи дека Ферари и Ред бул „уште не ги спуштиле панталоните“.

Зимското тестирање покажуваше дека Ферари има огромна предност пред ривалите, но во Мелбурн, Луис Хамилтон беше најбрз во двете сесии, а Мерцедес во втората сесија имаше предност од осум десетинк од секундата. Пред патувањето во Австралија, Волф и Хамилтон тврдеа дека Ферари има предност од половина секунда, но Себастијан Фетел беше петти, а Шарл Леклер само деветти на тренингот.

Фетел коментираше дека извештаите за проблемите на Мерцедес се „срање“, но Волф вели дека Ферари кријат нешто.

„Нашиот болид функционира добро, научивме многу на втората недела тестирање. Сега, уште немаме слика за вистинските перформанси – никој не ги спушти панталоните пред квалификациите во сабота. Ќе видиме“, вели Волф.

Scroll to Top