Формула 1 болидите и моторите ќе се тркаат на патеката Каталуња и во наредните пет години. ФИА и Дорна објави дека потпишале нов петгодишен договор со организаторите на трките за Големата награда на Шпанија.
Каталуња е во календарот на Мото ГП од 1992 година. Оваа трака им е една од омилените на мотоциклистите.
Наредната сезона трката ќе се одржи на 5.јуни.
„Спектакуларната патека во Каталонија е дел од шампионатот од самиот почеток, таа секоја сезона е клучна во нашиот календар“, рекол директорот на Дорна, Кармело Еспалета.
ФИА дополнително ќе објави на кој датум ќе се одржи трката во Формула 1 на патеката во Каталуња.