Top Sport

Кими: Четири трки, четири победи, зошто да не?

Кими Раиконен смета дека неговиот тим Ферари може да победи на сите преостанати четири трки од сезоната доколку се прекрати со грешките.

Надежите за титула во Маранело речиси исчезнаа последните три трки, бидејќи тимот има 145 поени помалку во пласман на конструктори, а Себастијан Фетел има 59 поени помалку од Луис Хамилтон во Мерцедес.

Фетел и Раиконен се судрија во првиот круг во Сингапур, во Малезија Фетел имаше откажување на моторот, додека во Јапонија, Фетел не ја заврши трката поради прегорена свеќичка, а Раиконен заврши како петти. До крајот на календарот има уште четири трки – САД, Мексико, Бразил и Абу Даби.

„Можеме да победиме на четирите ако ја завршиме нашата работа. Сите патеки се различни, така што влегуваме секој викенд почнувајќи од нула. Никој не знае што ќе се случи и тоа е Формула 1. Но, нема да се предадеме до последниот круг во последната трка“, изјави Раиконен.

Scroll to Top