Додека Ф1 експертите шпекулираат дали Кими Раиконен ќе остане во Формула 1 и следната сезона, Финецот реши да се обиде во друг спорт, предизвикувајќи го „кралот“ на машкиот тенис, Роџер Федерер.
„Кога ти ќе посакаш, Роџер Федерер“, го предизвика „Ајсмен“ 36-годишниот светски рекет број 1 и носител на 20 гренд слем титули.
Раиконен е две години постар од Федерер, така што барем ја има предноста на искуството.