Стартот на августовската летна пауза значи, конечно, првпат по март, малку одмор за Ф1 возачите, оставајќи ги на страна грижите за поените, стартовите и болидите накратко.
Кими Раиконен, еден од „најискулираните“ Ф1 возачи, веднаш го искористи ова, за со своето семејство со приватен авион да отпатува на одмор. Претходно, тој сподели фотографија од патот со неговиот син Робин, ќерката Ријана и сопругата Минту.
Децата очигледно не беа импресионирани од возењето со авион, и решија да дремнат, додека Кими, како и секој родител, со едно око ги пази, додека со другото си игра на таблет.