Top Sport

Кими ја покажа кацигата со зборовите: Ова ќе ми ја штити главата во 2018

Кими Раиконен го откри новиот дизајн на тркачката кацига за 2018 година, додавајќи сина боја на својот препознатлив дизајн.

Финскиот поранешен шампион од 2007 година ќе влезе во својата 16 Ф1 сезона, повторно како партнер на Себастијан Фетел во Ферари, во обид да се надгради солидната мината сезона со борба за титулата. Кими не успеа да победи минатата година, но ја „скрши“ клетвата на пол-позициите со прво место во Монако.

„Ова ќе ми ја штити главата во 2018 година“, напиша Финецот, кој како и секогаш очигледно ги штеди зборовите.

This protects my head in 2018.

A post shared by #Kimi7 (@kimimatiasraikkonen) on

Scroll to Top