Top Sport

Кими вели Ферари се силни, Мекларен се фалат дека имаат „амбициозен“ болид

Кими Раиконен, возачот кој ретко најавува големи работи и е „скржав“ на зборови, оценува дека Ферари имаат силен болид по крајот на зимското тестирање, на кое тој беше најбрз на последниот ден, а неговиот колега Себастијан Фетел постави нов рекорд на патеката.

Финецот комплетираше 157 кругови и имаше време од 1:17.221, на една десетинка од новиот рекорд на патеката на Фетел и вели дека СФ71Х болидот е одличен.

„Во основа имаме силен пакет. Секако, има простор за подобрување, но тоа е нормално со секој болид, дури и со тие кои секогаш победуваат.  Доста сме постојани и ќе видиме како ќе се одвиваат работите од патека до патека. Чувството е океј. Дали сме доволно брзи? Па, ќе видиме за неколку години, но чувството е добро“, вели Раиконен.

Со оценка по крајот на тестирањето се јавија и во Мекларен, откако тимот беше на насловните страници со новите проблеми со постојаноста на болидот. Мекларен ги сменија Хонда со Рено за 2019 година и веруваа дека ќе се борат за подиуми во 2018 година, но тестирањето беше одбележано со низа откажувања.

Сега, од тимот велат дека имаат „крајно амбициозен“ болид и дека ги очекувале проблемите.

„Имаме амбициозен дизајн и самите можете да забележите дека болидот е малку поинаков од другите со мотори на Рено. Имавме мали проблеми, но тие се случија само поради тоа што немавме доволно време за подготовки“, вели техничкиот директор, Ерик Булие.

Тој инсистира дека очекувањата се големи.

„Не ја загубивме способноста да дизајнирање на брзи болиди и се надевам дека бргу ќе го видите тоа. Мораме да бидеме амбициозни и тоа значи дека треба да се ризикува“, додава Булие.

Фото: ЕПА

Ф1 тестирањето заврши, Кими и Ферари најбрзи!

Мекларенот не престанува да се расипува, но во тимот велат нема криза

 

Scroll to Top