Кими Раиконен повторно имаше задолжение во кое сигурно не уживаше. Како дел од официјалната прес-конференција пред Бахреин ГП трката, тој јасно му порача на новинарот да не го прашува „бесцелни“ прашања.
Новите сопственици во спортот „Либерти“ и ФИА наскоро ќе ги откријат новите планови за Формула 1 по 2020 година, и Раиконен, најискусниот активен Формула 1 возач, беше запрашан што би сменил во Ф1 доколку ја има моќта да ги прави правилата.
„Не би сменил ништо. Ја немам моќта, така што која е поентата да трошам време да размислувам за тоа? Не сфаќам. Која е поентата за мене? Да ви дадам листа и потоа да не можам да направам ништо? Возачите не ги прават правилата. Која е поентата да ми го кажете тоа и да направите приказна околу тоа?“, се прашуваше Раиконен.
Фото: ЕПА