Top Sport

Ќе биде ли Монца „сламката за спас“ на Ферари сезонава?

Иако во сезоната влезе како фаворит за освојување на титулата по успешните зимски тестирања, тимот на Ферари во 12 трки не забележа ниту една победа и му се заканува година без триумф. Тоа последен пат се лсучило во 2014 година.

Се веруваше дека „црвениот болид со црно коњче“ е побрз од оние на Мерцедес и Ред Бул, а возачката постава Фетел – Леклерк надежна, но засега нема победа.

Најболното за италијанскиот Ф1 тим е тоа што на неколку трки се им беше враце на возачите на Ферари, но Леклерк остана без триумф во Бахреин поради дефект на моторот, а на Фетел му е одземена победа поради маневар со кој го затвора Хамилтон во Монтреал.

Премалку за најтрофејната екипа во историјата на Формула 1 која уште една сезона им „гледа в грб“ на Мерцедес и Ред Бул.

Во Ферари се исплашеи да не им се повтори сценариото од 2014 кога Фернандо Алонсо и Кими Раиконен останаа без триумф цела сезона.

Сепак, се верува дека силниот мотор кој болидот го поседува може да донесе предност во Монца каде ќе се вози трката на почетокот на септември, но и на белгиската СПА.

Ако овие две трки не им донесат успех на Леклерк и Фетел, Ферари ќе биде близу до бламажа. Една победа барем малку би го поправила впечатокот, сметаат од Ферари.

Scroll to Top