Луис Хамилтон можеби ја освои титулата во 2017 на две трки пред крајот, но новата сезона ја започнува како втор најплатен возач, според „ТСМ Спортс“.
Себастијан Фетел ќе добие фантастични 60 милиони долари за последната година од договорот со Ферари, десет милиони долари повеќе од шампионот, а Ферари ќе потроши 100 милиони долари само на возачите, откако Кими Раиконен се најде на третото место со 40 милиони долари.
Интересно е што, Макс Ферстапен, младата сензација на Ред бул ќе заработи 4 милиони долари повеќе од колегата Даниел Рикјардо, иако тој освои 32 поени повеќе од него во 2017 година.
ПЛАТИТЕ НА Ф1 ВОЗАЧИТЕ ВО 2018
Себастијан Фетел (Ферари), 60 милиони долари
Луис Хамилтон (Мерцедес), 50 милиони долари
Кими Раиконен (Ферари), 40 милиони долари
Фернандо Алонсо (Мекларен), 30 милиони долари
Валтери Ботас (Мерцедес), 12 милиони долари
Макс Ферстапен (Ред бул), 10 милиони долари
Штофел Фандорне (Мекларен), 7 милиони долари
Даниел Рикјардо (Ред бул), 6 милиони долари
Нико Хилкенберг (Рено), 5.5 милиони долари
Серхио Перез (Форс Индија), 5 милиони долари
Роман Грожан (Хас), 4.45 милиони долари
Естебан Окон (Форс Индија), 3 милиони долари
Кевин Магнусен (Хас), 2.5 милиони долари
Ленс Строл (Вилијамс), 1.8 милиони долари
Карлос Саинс Јуниор (Рено), 750.000 долари
Маркус Ериксон (Заубер), 500.000 долари
Пјер Гасли (Торо росо), 400.000 долари
Брендон Хартли (Торо росо), 350.000 долари
Шарл Леклер (Заубер), 150.000 долари