Top Sport

Колку навистина е силен Ред бул? Ферстапен ја намалил моќта во финишот на трката!

На минатонеделната фантастична прва трка од новата Формула 1 сезона, Макс Ферстапен имале брилијантна битка со Луис Хамилтон, стигнувајќи го светскиот шампион во последните кругови и претекнувајќи го пред да излезе надвор од патеката и да му го предаде водството и победата на светскиот шампион. Сега, се дознава дека тоа го направил со многу помалку моќ од моторот на Хонда, кој морал да биде „ограничен“.

Иако по зимското тестирање и тренинг-сесиите во Бахреин, беше јасно дека Ред бул имаат силен болид, сега советникот на тимот, Хелмут Марко признава дека тие имале помала моќ во финишот на трката.

„Моравме да ја намалиме моќта на моторот на Хонда поради проблеми со температурата во Бахреин. Тоа покажува колку е моќен моторот“, вели Марко.

Scroll to Top