Top Sport

Крачлоу на пол-позицијата во Херез

Возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачлоу, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија. Британецот на патот до првата стартна позиција стигна со апсолутниот рекорд на патеката 1:36.653 минути.

Пол-позицијата што ја освои Крачлоу е прва за него по пауза од две години, односно од квалификациите за трката на Големата награда на Велика Бротанија во 2016 година.

Од првиот ред, утрешната трка веднаш до Крачлоу ќе ја запонат Дани Педроса на Репсол Хонда и Жоан Зарко возачот на Јамаха Тех 3.

фото: epa

Зад најдобрите тројца следуваат Шпанците Лоренцо, Маркез Ринс, кои го пополнија вториот ред, зад нив се четворица Италијанси Јаноне, Довициозо, Петручи, Роси, а четвртиот ред го затвораат Вињалес и Милер.

Scroll to Top