Top Sport

Креаторот на три шампионски тимови, Њуи смета дека болидите се претешки и преголеми

Адријан Њуи, техничкиот шеф на Ред бул и дизајнер на шампионски болиди за три тимови (Вилијамс, Мекларен, Ред бул), смета дека актуелните Ф1 болиди мора да станат полесни и помали, а не потешки и поголеми.

Досега, ерата на новите технички правила донесоа одлични трки, со почести претекнувања и тесно тркање, но Њуи вели дека се оди во погрешен правец.

„Мислам дека принципот на помагање на болидите да претекнуваат со намалување на чувствителноста при следење на водечкиот болид е одличен. Со тоа има повеќе претекнувања, но не значително.  Но, во последните неколку години, лимитот на тежина се зголеми од 600 килограми и 30-40 килограми баласт, до болиди од над 800 килограми! И сите работиме како луди да го оствариме тој минимум. Во основа болидите станаа поголеми и потешки и аеродинамички неефикасни. Тоа е погрешна насока во која дури оди и автомобилистичката индустрија. Покрај тоа, тука е и проблемот на безбедноста – колку што е потежок болидот, толку мора да е поцврст и посилен. Според мене, потребни се помали, полесни и енергетски поефикасни болиди“, вели Њуи.

Scroll to Top