Top Sport

Критики за Хамилтон откако го засрами својот внук (видео)

Четирикратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон беше критикуван во британските медиуми откако на социјалните мрежи постави видео во кое го „кара“ својот внук бидејќи тој носи фустан за принцези.

Видеото беше отстрането, откако во постот за своите 5.7 милиони следбеници на Инстаграм напиша: „Толку сум тажен, видете го мојот внук“. Тој го прашува внукот зошто носи фустан за принцези, по што му вика: „Момчињата не носат фустани на принцези“.

Повеќето коментари на ова видео беа дека тој треба да го остави детето да расне и да носи што сака.

Scroll to Top