Тест-возачот на Алфа Ромео Роберт Кубица забележа најбрзо време на претпладневните тестирања на патеката Каталуња.
Времето на најбрзиот круг на Полјакот изнесуваше 1:16.942 минути. Кубица е првиот возач, по пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кој од почетокот на тестирањата извозел еден круг под 1.17.000 минути.
Претпладнево второто најбрзо време го забележа Пјер Гасли од Алфа Таур. Тој заостана зад Кубица за речиси 0.600 секунди. Третиот најбрз резултат го имаше Александер Албон од ред Бул.
If you needed an indication of the chilly conditions… ?
Kubica gets crossed up at the chicane#F1 #F1Testing pic.twitter.com/qwx2UNDAR8
— Formula 1 (@F1) February 26, 2020
Актуелниот шампион Хамилтон претпладнево извозел 89 кругови, најмногу кругови од сите. Неговото најдобро време беше послабо за 0,620 секунди од времето на Кубица.
Возачот на Ферари Себастијан Фетел извозел 84 кругови, најбрзиот негов круг од 1:18.113 минути бил доволен за седмото место.
Попладнево ќе има уште една сесија, на кои ќе се појават и Валтери Ботас, Шарл Леклер, Ландо Норис и Макс Ферстапен.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 15 март со трката за Големата награда на Австралија.