Top Sport

Култард: Фетел е „потрошен“, Ферари беа во право што го „шутнаа“

Себастијан Фетел е „потрошена сила“ во Формула 1 и тешко е да се верува дека преселбата во Астон Мартин следната сезона ќе ја врати неговата кариера на вистински пат, смета поранешниот возач на Мекларен и Ред бул, Дејвид Култард.

Шкотланѓанецот вели дека Ферари направиле вистинска одлука кога решиле да се фокусираат на Шарл Леклер и да не му понудат нов договор на четирикратниот светски шампион, туку да го заменат со Карлос Саинс Јуниор.

„Леклер има два пласмани на подиумот и 85 поени, а Фетел има 18 поени и е на 14. место. Мислам дека тоа е причината за нивната одлука, со неговиот темперамент и начинот на кој работи, Ферари беа во право што се посветија на Леклер. Забележија дека е брз и дека е лидер кој ќе го гради тимот. Себ е потрошена сила. Тој беше четирикратен светски шампион, но тоа е во минатото, а сега се размислува за иднината. Фетел не може да влијае на дизајнот на болидот, но возачот уште е важен во Формула 1. Потребен ти е најбрзиот, а не најспориот. Се надевате дека ќе ја најде формата во Рејсинг поинт, но се сомневам во тоа. Не одите во тим од средината за да ја вратите страста“, вели Култард.

Scroll to Top