Top Sport

Култард: Хамилтон да скрати со говорите за Оскар

Поранешниот Ф1 возач, Дејвид Култард му препорача на својот британски сонародник, Луис Хамилтон да скрати со „говорите за Оскар“, сметајќи дека седумкратниот светски шампион претерува со политичките пораки.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа откако ФИА го смени интернационалниот спортски код со кој им се забранува на возачите да имаат политички говори доколку тие не бидат одобрени од ФИА. Реакциите на ова беа различни, дел од возачите сметаат дека се работи за загрозување на правото на говор, но некои го одобруваат за спортот да не стане премногу политичен.

Хамилтон, заедно со Себастијан Фетел во последните неколку години имаа повеќе кампањи, од прашања за екологијата, ЛГБТ правата, до расната нееднавкост во спортот.

„Се работи како говори кога добиваат Оскар. Ако секој ја користи својата шанса да дава политички изјави, секој има тема која му е важна. Или ќе треба да ги спомнеме сите работи или е подобро да не зборуваме ништо и да се концентрираме на спортот. Како спротист, имаш среќа што те плаќаат добро за тоа што го правиш“, вели Култард.

Scroll to Top