Top Sport

Квартараро со пол-позиција на патеката „Муџело“

Младиот возач на Јамаха, Фабио Квартараро денешните квалификации на легендарната патека „Муџело“ во Италија ги заврши со најдобро време – 1:45.187.

Тој на утрешната трка ќе стартува од пол позиција, а зад не го се Франческо Бањаја и Жоан Зарко од Дукати.
Шансата за добар пласман зад нив ќе ја чекаат Еспаргаро, Милер и Биндер кои се во вториот стартен ред.

Првата десетка ја заокружуваат Оливеира, Ринс, Мир и Морбидели.

Марк Маркез ќе стартува единаесети, а Вињалес 13-ти.

Scroll to Top