Top Sport

Квартараро со рекорден круг во Малезија

Возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро блескал на првите слободни тренинзи пред неделната трка за Големата награда на Малезија. 20 годишникот на и на вториот тренинг поставил рекорд на патеката.

На првиот тренинг Квартараро забележал време 1:59.027 минути, а потоа воодушевил со времето на вториот тренинг 1:58.576 минути. Овој резултата е поставен во тешки временски услови (висика температура на воздухот и самата патека).

На тренинзите зад Кваратаро бил неговиот тимски колега Франко Морбидели. На вториот тренинг Италијанецот зебележал време 1:59.110 минути. Зад возачите на Петронас Јамаха бил Андреа Довициозо на Дукати (1:59.527).

Зад најдобрите тројца се пласирале возачите на Јамаха Маверик Вињалес и Валентино Роси. Светскиот првак Макс Маркез не форсирал и забележал шесто најбрзо време.

Третиот тренинг на патеката „Сепанг“ ќе се вози в сабота во 3:55 часот по средно-европско време, а квалификациите се на програмата во 8 часот.

Scroll to Top