Top Sport

Квартараро триумфално во Асен – Валентино Роси ја искрши „јамахата“

Французинот Фабио Квартараро на Јамаха е победник на трката во Aсен за ГН на Холандија. Денешниот триумф за него беше четврти сезонава во најквалитетното Мото – натпреварување.

Иако трката ја стартуваше од втората позиција, на половина од неа Квартараро изби пред конкурентите и таа позиција ја зачува до самиот крај.

Зад него низ стартноцелната рамнина помина Маверик Вињалес, додека на третата позиција денеска заврши Жоан Мир.

Валентино Роси денеска немаше среќа, падна на 19 круга пред крајот и прилично ја оштети својата „јамаха“, па не успеа да ја заврши трката.

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез кој на денешната трка стартуваше од дваесеттото место успеа да освои бодови, трката ја заврши на осмото место.

Следната трка во МотоГП е на 8. август, за ГН на Штаерска во Австрија.

Инаку, знаеше Квартараро како да ја прослави победата – со голф палка во рацете на самата патека:

Scroll to Top