Возачот на Мекларен, Ландо Норис, во вторникот, потпишал нов договор со британскиот тим. Мекларен не ги објавија деталите од договорот со 21-годишниот возач, но се претпоставува дека Норис ќе остане во тимот и по завршувањто на сезоната 2022. Ландо Норис вози за Мекларен од 2017 година.
Ландо Норис, во тековната сезона, се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман. Британецот освоил бодови на последните девет трки, сметајќи го и финишот на минатата сезона.
Норис во кариерата два пати се искачувал на победничкиот пиедестал.
„Норис беше клучен за враќањето на нашата форма. Горди сме како се развива откако дојде кај нас во 2017 година. Ландо е еден од најголемите таленти во Формула 1, се радуваме што ќе го гледама како се развива на патеката и надвор од неа“, рекол извршниот директор на Мекларен, Зек Браун.