Не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда, конечно, проговори за тензиите во „Сребрената стрела“ помеѓу Луис Хамилтон, Нико Розберг и клучните раководни членови на тимот откако двајцата се судрија во првиот круг на Шпанското ГП минатата година.
Според австрискиот трикратен светски шампион, Хамилтон бил блиску да си замине од тимот бидејќи одговорните луѓе оцениле дека тој е виновен за судирот. Лауда потоа бил на приватен разговор со Англичанецот на Ибиза, за да го убеди да остане во тимот. Хамилтон ја загуби титулата од Розберг минатата година.
„Големото прашање беше – чија беше вината? За мене беше јасно – Луис беше преагресивен, помина на тревата и потоа го удри Нико. На Луис не му се допаѓаше да биде критикуван. Потоа моравме да воведеме техники во тимот да избегнеме такви судири“, вели Лауда.