Top Sport

„Леклер е иден шампион“

Шефот на Мерцедес, Тото Вулф е сигурен дека возачот на Ферари, Шарл Леклер, во иднина ќе ја освои титулата во Формула 1.

Младиот француски возач, кој во Ферари го замени Кими Раиконен, на трката за Големата награда на Бахреин имаше можност да ја забележи првата победа во кариерата, меѓутоа поради проблеми со моторот го освои третото место.

„Во Леклер гледам иден шампион. Беше најбрз возач, во најбрзата машина. На крајот ние имавме среќа. Шарл е добро момче, скромен со добри манири. Но кога ќе влезе во болидот не знае за страв. Тоа што е брз и што ги контролира емоциите ќе му биде од помош во иднина. Многумина би се изнервирале поради начинот на кој што трката заврши, но Шарл не беше нервозен“, рекол Волф.

Леклер (20), во Ферари пристигна од Торо Росо, а претходно возел и ги освојувал титулите во ГП 3 серијата и во Формула 2.

Scroll to Top