Top Sport

Леклер е исфрустриран: Како Ферари, мораме да бидеме подобри

Исфрустрираниот Шарл Леклер му порача на својот тим, Ферари дека мора да бидат подобри, откако по несогласувањата со тимот околу изборот на гуми за квалификациите за Канадското ГП не ја мина последната квалификациска сесија во Монтреал.

Патеката почна да се суши во вториот дел од квалификациите, што претставуваше шанса да се сменат „средните“ гуми со тие за суво, но по барањето на Леклер да го направат тоа, тимот прво одби, за потоа предоцна да му дозволи и тој да заврши на 11. место на квалификациите.

„Побарав мазни гуми на стартот бидејќи беше доволно суво за таков премин. Патеката беше сува, и тоа беше очигледно вистинскиот избор бидејќи немаше ризик. Но, поради некоја причина, тимот не го одобри тоа. Мислам дека само си го правиме животот покомпликуван во вакви ситуации. Секако дека сум исфрустриран“, вели Леклер.

Ова не е првпат Леклер и Ферари да имаат различни мислења за стратегијата и доаѓа по неколку месеци шпекулации дека возачот од Монако сака да замине од италијанскиот тим.

Scroll to Top