Младиот ас на Ферари, Шарл Леклер вели дека имал морници кога стоел на подиумот по неговата фантастична победа на домашната трка на Скудерија во Монца минатата година.
Откако стартуваше од пол-позицијата, Леклер го изддржа притисокот од светскиот шампион Луис Хамилтон во текот на трката за да финишира пред Валтери Ботас и Хамилтон, за втора победа во кариерата и втора во една недела откако триумфираше и во Спа.
„Многу е тешко да се најдат зборови да се опише чувството при трката во Монца. Имаше многу притисок, не само кон мене, туку кон целиот тим бидејќи бевме во Италија. Многумина не сфаќаат колку е голем Ферари во Италија и колку сакаат победата. Седмицата почна од понеделник, а не од четврток поради промотивни работи во Милан и притисокот се зголемуваше во секој нареден момент. Пол-позицијата веќе беше нешто посебно, но потоа морав да се фокусирам на трката и немав ништо друго во главата. Кога победив, кога застанав на подиумот и ја видов црвената армија под мене, нема друго такво чувство. Имав морници бидејќи сфатив што е да си возач на Ферари. Кога ќе ја видите таа страст во очите на луѓето, сфаќате многу работи“, вели Леклер во интервју за „Аутоспорт“.