Еден од најталентираните млади возачи во Формула 1, Шарл Леклер во Ферари признава дека помалку се плашел од својот колега Себастијан Фетел кога добил шанса да вози во италијанскиот тим минатата сезона.
„На почетокот во Ферари беше навистина поинаку бидејќи Себ имаше четири светски титули зад себе и беше вистински шампион. Бев малку заплашен од него, што беше нормално, но тој е толку нормален и културен човек. Од почеток добро се согласувавме и секако, има врска и конкурентноста во спортот, но тоа не се менува кога зборуваме еден со друг. Тоа беше навистина добро“, вели Леклер.
Минатата сезона тие имаа неколку бурни ситуации, како трката во Бразил кога имаа контакт во трката, но вели дека проблемите се надминати. Леклер, кој е во својата трета Ф1 сезона, оваа сезона постојано е повисокопласиран од Германецот, кој заминува на крајот на сезоната во новиот тим на Астон Мартин. Леклер, пак, има нов петгодишен договор со Ферари и ќе биде лидер на тимот со Карлос Саинс Јуниор следната сезона.