Новата сезона во Формула 1 официјално започна на патеката „Каталуња“. Тимовите три дена ќе тестираат на оваа патека.
Најбрзиот круг на првиот тренинг го забележа возачот на Ферари, Шарл Леклер. Возачот од Монте Карло со моделот на Ферари „Ф1-75“, забележа реме 1:20.156 минути.
Зад него беа Ландо Норис од Мекларен (1:20.474) и Џорџ Расел од Мерцедес (1:20.784).
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен со Ред Бул го забележа шестото најбрзо време. Тој за речиси две секунди беше за времето на Леклер.
Тимовите, денес уште еднаш ќе излезат на патеката, вториот тренинг ќе се вози од 18 часот.