Top Sport

Леклер најбрз на вториот слободен тренинг во Монако

Возачот на Ферари, Шарл Леклер денеска имаше најдобро време на вториот слободен тренинг пред неделната Ф1 трка за Големата награда на Монако.

Леклер имаше најбрз круг со време 1:11,684 минути, додека второ време имаше неговиот клупски колега Карлос Сајнц кој заостана 0,112 секунди.

Трето најдобро време на тренингот имаше актуелниот шампион, Луис Хамилтон со заостанување од 0.390 секунди, додека четврто време на тренингот постави Макс Ферстапен од Ред Бул.

Првата десетка со своите времиња на тренингот им припадна уште на Валтери Ботас, Ландо Норис, Пјер Гасли, Серхио Перез, Антонио Џовинаци и Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Монако ќе се вози во недела со почеток во 15 часот.

Scroll to Top