Top Sport

Леклер: Не сфаќате колку се мачиме со болидот на Ферари

Ферари имаат голем проблем со непостојан болид кој е конкурентен на квалификациите, но со голем пад во формата во трките, признаваат возачите Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор по тешката тркра во Мајами.

Следна трка на календарот е домашната трка во Имола, каде што ќе се обидат да кренат нивото – Саинс заврши петти во Мајами, а Леклер беше само седми, додека Ред бул со Макс Ферстапен стигнаа до петта победа во пет трки оваа сезона.

„Слично е како на почетокот на годината – конкурентни сме на квалификациите, но кога ќе дојде трката се мачиме навистина премногу. Разликата во перформансите на нашиот болид е толку чувствителна, што се разликува од кривина до кривина. Тоа не е идеално да ни ја врати довербата во болидот“, велеи Леклер, кој беше на пол-позицијата во Азербејџан, а потоа двапати се судри во Мајами на тренинзит и на квалификациите.

Саинс стартуваше како трет во Мајами со „средни“ гуми, но кога ги смени со „тври“ гуми, неговата брзина ја снема.

„Имаме многу неконзистентен болид. Ако го возите на имит, тогаш ќе платите висока цена на трките“, вели Саинс.

Scroll to Top