Возачот на Ферари, Шарл Леклер е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот тим, Ферари. Леклер бил тестиран, како што налагале тимските протоколи, по враќањето од Абу Даби.
„Леклер се чувствува добро, симптомите се благи. Наредниот период ќе биде во домашен карантин“, соопштија од Ферари.
Втор пат оваа година, Леклер е позитивен на вирусот, со Ковид-19 беше заразен и во јануари.