Top Sport

Леклер со порака Перез: Уживај што моменот го сподели со својот татко

Иако Серхио Перез во неделата не стигна до победа на својата домашна трка во Мексико Сити, подиумот на возачот на Ред бул беше доволен за луди сцени и прослава на „Аутодромо Ерманос Родригез“, каде што најсреќен беше таткото на Чеко, Антонио Перез Гарибај.

Зборувајќи за шпанските медиуми, постариот Перез, откри дека неговиот син добил посебна порака од асот на Ферари, Шарл Леклер.

„Чеко доби повик од Шарл, кој му кажа: ‘Чеко, не знаеш колку бев среќен што ги видов твоите родители како се радуваат, имав солзи во очите, сакав и мојот татко да ме види’“, изјави Перез.

Таткото на Леклер, Ерв Леклер, кој и самиот беше тркач во својата младост, беше клучен човек во кариерата на Шарл, поддржувајќи го во јуниорските трки. Тој почина пред Шарл да влезе во Формула 1.

Scroll to Top