Шарл Леклер веќе има потпишано договор да се трка за Ферари следната година, со што ситуацијата на Кими Раиконен во тимот е необична, посебно поради желбата на сегашното лидерство на тимот да го задржат искусниот Финец.
Новиот генерален директор на Ферари, Луис Камилери би сакал Раиконен да остане во 2019 година, меѓутоа Леклер, актуелниот возач на Алфа Ромео Заубер веќе имал договор со претходниот претседател Серџо Маркионе, кој почина во јули.
Иако потврдата на возачите на Ферари обично се прави на Италијанското ГП, овојпат тоа не се случи, а Раиконен одговори со освојување на пол-позицијата и второ место во неделата по тактичкиот пораз од Мерцедес. Леклер, пак, кој следната година ќе наполни 21 година, оваа година дебитира во Ф1 откако победи во ГП3 и Формула 2 шампионатите.
По неделната трка, Раиконен запрашан за тоа какви му се плановите за 2019, кратко и студено одговори дека има „опции“ и понуди за следната сезона.